Утрински Весник
Македонија

Казнети 740 возачи за брзо возење

Soobra aen rezhim.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 740 возачи. Од нив 62 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Николоски: МЖ Транспорт ќе набавува најмалку 5 нови локомотиви, првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

Голем пожар во скопски Карпош утринава, изгореа два автомобили

Прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот објавен од проектот „ЕУ за општините“