Утрински Весник
Свет

Орбан: Трамп вети дека нема да и дава пари на Украина ако стане претседател

Download 4 1.jpg

Доналд Трамп вети дека нема да и дава пари на Украина доколку стане претседател, а Европа без САД нема да може да го финансира конфликтот и тој ќе заврши, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Очигледно е дека Украина не стои на свои нозе. Ако Американците не дадат пари, Европејците нема да можат да ја финансираат оваа војна и таа ќе заврши. Трамп сега не е претседател, но неговата партија ги спречува демократите да испраќаат пари во војна. Тој рече дека ако се врати, нема да го направи тоа, нема да даде ниту цент, а потоа војната ќе заврши“, изјави Орбан во интервју за телевизијата М1, пренесува Спутник. Трамп има многу детални планови за завршување на војната, но јас не сум овластен да зборувам за нивната суштина, изјави унгарскиот премиер, кој се сретна со Трамп на 8 март во неговиот имот на Флорида. Прес-службата на поранешниот претседател изјави дека Трамп и Орбан „разговарале за широк спектар на прашања кои се однесуваат на Унгарија и Соединетите држави, вклучително и важноста на силни и безбедни граници за секоја земја“.

Можете да прочитате

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7