Утрински Весник
Свет

Бајден го потпиша Законот за државна потрошувачка

1706512612 unnamed file.webp.webp

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го потпиша предлог-законот за владини трошоци, со кој се спречи блокирање на работата на многу клучни владини агенции, објави Белата куќа.

Американскиот Сенат го усвои, непосредно пред истекот на рокот во петокот на полноќ, владиниот пакет за државна потрошувачка во износ од 459 милијарди долари.

Сенаторите гласаа со 75 спрема 22 за да го одобрат пакетот трошоци што ќе ги финансира земјоделството, транспортот, домувањето, енергијата, ветераните и другите програми до крајот на фискалната година на 30 септември.

Претставничкиот дом на Конгресот претходно го усвои овој пакет, со кој ќе се финансираат околу 30 отсто од владините институции, но на гласањето му претходеше противење на некои републиканци кои тврдеа дека мерката не направи доволно за намалување на федералните трошоци.

Можете да прочитате

Три сестри на возраст од 9, 11 и 17 години се удавија во Средоземното Море

Силна бура предизвика штети во централна Словенија и Љубљана

Украина со дронови ги нападна Москва и Санкт Петерсбург