Утрински Весник
Свет

САД разгледуваат помош за Украина во вид на кредити обезбедени од замрзнатите руски активи

20240309144734 Big 730x400 17.webp.webp

САД можат да доделат помош на Украина во вид на кредити обезбедени од замрзнатите руски активи, соопшти денеска Ен-Би-Си повикувјќи се на свои извори.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и претставници на низа комитети спремаат предлог закон за невоена помош за Украина, јави телевизијата.

Авторите на предлогот се надеваат дека тој може да помине во Конгресот „не отуѓувајќи ги конзерваторите кои настапуваат против понатамошно финансирање“ на Украина. Соговорници на Ен-Би-Си изјавија дека планот е во првична фаза и далеку од целосна реализација.

Се предлага разгледување на дел од невоената помош како кредит. Руските активи замрзнати како резултат на санкциите можат да бидат искористени како залог при давање кредити на Украина.

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија