Утрински Весник
Македонија

Од 15 номинирани кандидати на стартот од претседателската трка ќе се најдат седумина

Dik.jpg

На полноќ истекува рокот за собирање потписи од граѓаните кои се на избирачкиот список за да се стане кандидат во претседателската трка која ќе се одржи во два круга, на 24 април и 8 мај. Од номинирани 15 кандидати за оваа трка потребната граѓанска поддршка од 10.000 потписи ја обезбедија седумина. Ова е најбројна листа која ќе им биде понудена на граѓаните да избираат за кого ќе го дадат гласот од 1999 година кога претседателот на државата се бира на непосредни избори. Во вториот круг од изборите на 8 мај ќе финишираат двајца кандидати кои ќе соберат најмногу гласови во првиот круг. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски предложен за втор мандат од СДСМ и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ која по вторпат ќе атакува на претседателската фотелја, Гордана Силјановска Давкова, покрај граѓанските потписи имаат и партиска поддршка од по 30 пратенички потписи.

Токму Пендаровски и Силјановска Давкова кои се фаворити за финалната трка собраа најмногу гласови за најкус рок. Пендаровски обезбедени 22.412 потписи, а Силјановска Давкова 28.086 граѓански потписи. Кандидатото на ДУИ, Бујар Османи доби 11.085 потписи, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11.605 потписи, Билјана Ванковска од Левица 10.559 потписи за поддршка, Стевчо Јакимовски од ГРОМ 11.290 и Арбен Таравари номиниран од здружената албанска опозиција  10.710 потписи. Преостанатите осум кандидати не ја добија потребната поддршка за да се најдата на стартната линија. Останаа под 2.800 потписи. Двајца од кандидатите останаа на по шест потписи, а Томе Николоски според последните податоците на Државната изборна комисија (ДИК), нема обезбедено ниту еден потпис !

Изборната кампања стартува на 4 април и ќе трае до 22 април на полноќ. Листите на кандидати за претседател овластените претставници на предлагачите во ДИК треба да ги достават најдоцна до 19 март до полноќ, 35 дена пред денот на одржување на изборите. ДИК утврдената единствена листа на кандидати за избор на претседател ќе ја објави најдоцна до 29 март.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер