Утрински Весник
Македонија

ТИРЗ го запира Договорот за државна помош за Е.ГО

Img 3748.webp.webp

Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.Го информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.

Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош.

Имајќи го предвид интересот на граѓаните истотака информираме дека, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации.

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија