Снабдувањето на Киев со ракети со долг дострел, вклучувајќи го и германскиот „таурус“, нема да биде одлучувачки во конфликтот во Украина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на заедничката прес-конференција со неговиот фински колега Анти Хаканен.
Според германскиот министер, таквите проектили „би можеле да помогнат во одредени моменти“ на фронтот, но Германија нема намера да ја премине црвената линија и не е подготвена да испорача ракети „таурус“ во Киев.
Што се однесува до испраќањето војници во Украина, „никој не сака да го направи тоа“, посочи Писториус. „Дискусијата за ова продолжува и треба да се прекине“, додаде германскиот министер, а пренесува телевизијата „Феникс“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц по протечениот разговор на офицерите на Бундесверот за нападите на мостот на Крим, уште еднаш се изјасни против испораката на крстосувачки ракети „таурус“ во Украина.
Како што објасни Шолц, контролирањето на употребата на овие ракети би вклучило учество на германски војници, што би било прекршување на „црвените линии“ и би ја направило Германија учесник во конфликтот.