Утрински Весник
Свет

Орбан се сретна со Трамп: „Тој може да стави крај на војната во Украина“

L.jpg

Виктор Орбан на Флорида се среќава со својот „добар пријател“ Доналд Трамп, пренесува АФП, додавајќи дека унгарскиот премиер е еден од ретките европски лидери кои посакуваат негова победа на претседателските избори во САД на крајот на годината.

Состанокот, кој треба да се одржи во луксузната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго, има за цел „зајакнување на дипломатските и стратешките односи меѓу Трамп и САД“, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х. АФП пишува дека Орбан се однесува како Трамп веќе да е во Белата куќа.

„Нема потреба од коцкање, обложувањето на враќањето на претседателот Доналд Трамп, тоа е единствениот разумен пристап за Унгарија“, рече Орбан претходно оваа недела во говорот во унгарската трговска и индустриска комора.

„Трамп може да стави крај на војната во Украина“

Војната во Украина секако ќе биде една од темите на разговор за која има договор меѓу двајцата. Орбан е цврсто убеден дека Трамп може да стави крај на таа војна и да донесе мир во Европа.

„Се надеваме дека актуелниот претседател ќе замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да постигне мир (во Украина), рече Орбан на 23 февруари.

Орбан одби да испрати оружје во Украина за да и помогне во борбата против руската инвазија и ги критикуваше западните санкции против Русија. Тој постојано повикуваше на прекин на огнот во Украина за да се стави крај на војната. Убеден дека Киев не може да победи во оваа војна, Орбан постојано повикува на примирје.

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна