Утрински Весник
Балкан

Харадинај: Се надеваме дека Косово е на ред за прием во НАТО

Haradina .webp.webp

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај ја поздрави денешната официјализација на зачленувањето на Шведска во НАТО, оценувајќи дека Северноатлантската алијанса се зајакна со приемот во своите редови на таа скандинавска држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Харадинај изрази надеж оти „сега е на ред Косово“ да стане членка на НАТО.

– Политичко-воениот сојуз – НАТО, се зајакна со приемот на Шведска како нејзина 32-ра членка. Се надеваме дека сега е на ред Косово, напиша Харадинај.

Можете да прочитате

САД со итно предупредување: Избегнувајте патување на Кипар поради воената ескалација

Зголемена побарувачка за гориво во Србија, граѓаните масовно полнат цели резервоари

Турција: Одбраната на НАТО пресретна балистичка ракета од Иран