Стотици граѓани попладнево излегоа на протестен марш против носењето на Деталниот урбанистички план за градската четврт СЗ 13 со кој се предвидува изградба на триесеттина висококатници на просторот спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров.
Од протестот беа упатени пораки, градоначалникот Александар Стојкоски и мнозинството во Советот да се откажат од планот кој според нив ќе го загрози хуманото живеење во општината.
Со изградбата на новиот комплекс згради општината ќе добие 12.000 нови жители, а во моментов вкупниот број на жители на целата општина е некаде околу 45.000 жители.