Неверојатна вест доаѓа од Шпанија каде по велосипедската трка во Вилена кај Аликанте беше најавена допинг контрола. На стартот се појавија дури 182 велосипедисти, но се случи она што организаторите стравуваа – дури 130 од вкупно 182 пријавени велосипедисти се повлекоа од трката!
Да, ова е само еден во низата докази за тоа колку велосипедизмот е „валкан“ спорт, „контаминиран“ со допинг. Бидејќи ова беше регионална трка на која учествуваа професионалци, но и оние кои се занимаваат со сериозен рекреативен велосипедизам. Но, повеќето планови им ги наруши најавата за допинг контрола.
Шпанските медиуми се згрозени иако ова беше полупрофесионална трка, но бројката од 130 повлекувања е повеќе од поразителна.
Повеќето од велосипедистите кои решија да не ја завршат трката го објаснија своето повлекување поради ненадејни повреди, дупнати гуми, технички дефекти на нивните велосипеди или дури и несреќи. Да не беше тажно ќе беше смешно…
После се, на социјалните мрежи се огласи еден од натпреварувачите Алваро Марка кој трката ја заврши на осмото место.
„Антидопинг контрола во Вилена – ненадејни повреди и повлекувања. Нема математика, чиста реалност. Да видиме сега дали одговорните ќе преземат некои мерки. Ова е циркус. Инаку, ја поминав контролата и ја завршив трката. Се прашувам дали комисијата за допинг ќе ги објави резултатите од тестот“, напиша Марка на својот Инстаграм профил.
После се, организаторите на трката се огласија, објаснија што се случи и ја изразија својата максимална посветеност на борбата против допингот и чистиот велосипедизам.