Утрински Весник
Свет

Борел: Потребен е притисок врз Израел за да дозволи пристап на хуманитарната помош во Газа

1706611790 Unnamed File.webp.webp

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз израелската влада за да се овозможи непречен пристап до хуманитарна помош до цивилите во Појасот Газа.

„Сите оние кои се загрижени за ситуацијата во Газа треба да извршат притисок врз израелската влада да дозволи непречен пристап до хуманитарна помош и да не ги блокира конвоите“, изјави Борел на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „другите опции не се доволни“.

„Испораките по воздушен пат се добри, но недоволни. Потребни се морски коридори, но им треба време. И времето е важно“, рече Борељ.

Најмалку 30.800 Палестинци се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, според здравствените власти на Хамас.
Покрај тоа, повеќе од 70.000 луѓе беа повредени, а многу тела се уште се под урнатините.

Можете да прочитате

Венецуела: Обвинувања за сајбер напад од Северна Македонија

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“