Утрински Весник
Свет

ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег

20240307091304 Big 730x400 91.webp.webp

Европската Унија го осудува одобрувањето на плановите за изградба на над 3.426 станбени единици за дополнително проширување на илегалните еврејски доселенички населби на окупираниот Западен Брег и го повикува Израел да ја повлече ова одлука, соопшти портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во објава на Икс. 

– ЕУ повторува дека населбите се илегални според меѓународното право и претставуваат пречка за мирот, бидејќи го загрозуваат решението за создавање две држави. Понатаму, проширувањето на населбите целосно не е во согласност со тековните напори за намалување на тензиите, што е уште поважно пред претстојните верски свечености Рамазан, Пасха и Велигден, се наведува во реакцијата. 

Стано посочува дека позицијата на ЕУ останува непроменета и таа нема да признае никакви промени на границите од пред 1967 година, вклучително и во однос на Ерусалим, освен оние што ќе ги договорат страните.

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел