Утрински Весник
Магазин

Друштвените игри ве откриваат какви сте!

Dsc00192.jpg

Што да правите за да дознаете нешто повеќе за вашата нова девојка и тоа на најбрз можен начин? Кога не сте сигурни каква е таа еве неколку трикови кои ќе ви помогнат во исполнување на вашата желба.

Прво, можете да ја запознавате полека, чекор по чекор, една карактеристика па друга, но доколку сте нестрпливи, организирајте друштвени игри. Ова е проверено најбрзиот и најинтересниот начин да ја запознаете.

Монопол, карти, јамб, ризико па дури и не лути се човече доаѓа во обзир. Така ќе забележите дали вашата драга е темпераментна или флегматична, каква е кога губи, дали се лути или прифаќа пораз…

Можете да играте само вие двајца, но подобро е кога ве има повеќе, посебно ако во екипа се нејзините другарки. Од причина што, можеби пред вас ќе може да се контролира, како би ја покажала својата мила страна, но мала е веројатноста дека сето тоа ќе и успее во друштво на блиски личности. Сепак, немојте премногу да се опуштате, не само што вие ќе забележите каква е таа, туку и таа ќе ги воочи вашите особини, па гледајте да не бидат оние најлошите.

Ова треба да се свати дека е начин на кој може да извлечеме прв впечаток за личноста, но секако дека треба да и дадеме повеќе простор и време за навистина да ја запознаеме.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста