Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за „фалсификување службена исправа” 

Drvokradec drva.png

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц.Ѓ.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.  

Пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми” –  Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там” со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри. Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ има пад од 130.000 гласа, затоа Мицкоски е во паника, вели Жерновски

Билјана Ивановска влегува во трката за градоначалник на Центар како независна кандидатка

Уставниот суд да толкува согласно Уставот и неговиот дух, а не да чита црно-бело, вели вицепремиерот Меџити