Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Опозицијата да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите

Bitiki Fatmir Mia.jpg

Измените во законите за стратешки инвестиции треба да се толкуваат само како појаснување на некои од одредби кои добија различни толкувања во јавноста дека се дополнителни бенефиции кои им се даваат на инвеститорите, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него тие се во суштина укажувања од Комисијата за заштита на конкурентноста и во однос на инвеститорот „Мителинеос“, како и во една ставка од законот за „AИМ Грин Тех“. Битиќи ја повика опозицијата, која најави дека ќе поднесе 40 амандмани за законите за стратешки инвестиции во енергетиката, да биде разумна и одговорна и да присуствува на амандманската расправа за да ги слушне одговорите на секој амандман. -Сметам дека не е работата дали некој е „за“ или „против“, работата е да останат достоинствени на своите позиции и да го прават тоа што граѓаните го очекуваат од нив. За жал, во изминатите четири години гледавме неразумност и кога не стануваше збор за стратешки инвестиции. Кога требаше да се зголеми минималната плата, гледавме дека опозицијата бојкотираше, кога требаше да се донесат антикризните мерки, опозицијата бојкотираше. Ги повикувам, како што ги дадоа амандманите, да дојдат да го слушнат одговорот кон секој еден амандман. Ако не се случи тоа, ништо спектакуларно. На 9 мај ќе имаме нова влада предводена од СДСМ којашто ќе ги продолжи овие инвестиции затоа што тие се за доброто на граѓаните – објасни Битиќи.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер