Утрински Весник
Свет

Израел објави снимка: „30 ракети беа истрелани од Либан, Железната купола ги пресретна“

Napad Izrael.jpg

Израел објави видео од синоќешниот ракетен напад од Либан на социјалната мрежа „Икс“.

„Ова е група од 30 ракети истрелани од Либан кон Кирјат Шмона во северен Израел, претходно вечерва“, објави државата Израел на „Икс“.

„Железната купола (израелски систем за пресретнување на проектили) пресретна околу една третина од нив. Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на Израелците“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница

Франција: Сите возови од утрово сообраќаат нормално

Уапсена мајка затоа што ја натерала ќерката на принуден брак