Утрински Весник
Македонија

Автомобил завршил во Охридско Езеро откако излетал од патот на влезот во Струга

Kola vo ezero.png

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга.

– Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.

По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Можете да прочитате

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието