Утрински Весник
Свет

Бербок: Русите се обидуваат да ја дестабилизираат ЕУ со хибридна војна

Berbok 1.jpg

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди дека европските земји мора сериозно да ја сфатат заканата од хибридна војна што доаѓа од Русија, која на тој начин се обидува да ја дестабилизира Европската унија. „Има обиди да се дестабилизираат нашите демократии одвнатре“, рече Бербок за новинарите во Сараево, каде што беше во официјална посета. Таа го кажа тоа додека ја коментираше последната криза во германско-руските односи, врз основа на обвинувањата на Москва дека високи германски воени офицери подготвувале војна против Русија кога разговарале за тоа како може да се урне мостот на Крим. Ваквите тврдења од Москва уследија по објавувањето на наводите за тајно прислушувани разговори на германски офицери. Бербок потсети дека канцеларот Олаф Шолц и министерот за одбрана Борис Писториус веќе најавија брза и темелна истрага за овој случај, но таа посочи дека зад целата наводна афера стои обидот на Русија да го сврти вниманието од вистинската димензија на војната против Украина и нејзината цивилното население. Хибридното војување, како што рече, е војна со наративи и замена на улогите на жртва и напаѓач. „Тоа треба да се сфати многу сериозно“, рече Бербок. Таа оцени дека затоа сајбер безбедноста сега добила уште поголемо значење и неопходна е соработка на сите земји членки на ЕУ, но не само нив, бидејќи на такви закани се изложени и државите кои не се членки на ЕУ, особено оние од Западен Балкан. Таа потсети дека Албанија минатата година беше цел на „огромен“ сајбер напад, па веројатно таквите инциденти ќе се повторат.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме