Утрински Весник
Македонија

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Hdzthtdzhtdzhtdztdz 290414.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка  информираат од Центарот за управување со кризи. -Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е упатен кон Попова Шапка од каде што ќе даде видео изјава со детали за нападот, по можност од лице место – додаваат во соопштението.

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус