Утрински Весник
Свет

Макрон: На ​​Европа ѝ треба стратешко будење поради Русија

D182d0b5d180d0b5d0b7d0b0 D0bed182d0bad180d0b8 D188d182d0be D0b1d0b8 D0bcd183 D180d0b5d0bad0bbd0b0 D0bdd0b0 D0bcd0b0d0bad180d0bed0bd 63d57bb24b9ca.jpeg

Францускиот претседател Емануел Макрон пред денешната посета на Прага апелираше дека на Европа и е потребно стратешко будење бидејќи „Русија игра со времето“ и рече дека ништо не е исклучено во дебатата за тоа што може да се направи за да и се помогне на Украина.

-Како одговор на прашањето што ме прашаа за испраќање војници (во Украина), реков дека ништо не е исклучено. Секој збор е важен. Токму сега, Европејците мора да се запрашаат дали нивната сегашна стратегија одговара на декларираните цели. На нашите демократии им треба поттик, им треба стратешко будење, рече Макрон во интервју за чешкиот дневен весник „Право“.

Во интервјуто што беше објавено денеска, а и во вчерашното соопштение, нема изјава што вчера ја цитираа руските медиуми дека Франција не планира да испрати свои војници во Украина во блиска иднина.

-Отвораме дебата и размислуваме за сè што може да се направи за да и помогнеме на Украина. Секогаш сум кажувал каква е нашата рамка: ние не војуваме против рускиот народ и одбиваме да влеземе во логиката на ескалација. Но, Украинците се борбата за нашите вредности, нашата безбедност и слобода и нашиот пристап мора да биде адекватен на тој предизвик, рече францускиот претседател.

Макрон предупреди дека режимот на рускиот претседател не победи во таа војна како што тој се обидува да ја прикаже.

-Напротив, Русија претрпе низа стратешки неуспеси, НАТО се зајакна и ја донесовме одлуката Украина да ги започне преговорите за влез во Европската унија. Русија сега се обидува да не натера да веруваме дека времето игра во нејзина корист и ние ќе продолжиме да правиме се што е потребно и онолку долго колку што е потребно за да пропадне, и таа пресметка и нејзината агресија, рече Макрон.

Францускиот претседател потсети дека на крајот на февруари, членките на ЕУ на конференцијата во Париз се согласија да направат повеќе за Украина во пет области – кибер одбрана, заедничко производство на оружје во Украина, за безбедноста на земјите кои се директно загрозени од руските офанзива, како што е Молдавија, во зајакнувањето на границата на Украина со Белорусија и отстранувањето мини.

Макрон денеска во Прага ќе разговара со чешкиот претседател Петр Павел за чешката иницијатива за пронаоѓање на 1,4 милијарди долари за купување на 800 илјади парчиња муниција, и од калибарот што го користи НАТО и од советската, што Чешка се согласи да ја набави од трети земји, а се очекува францускиот претседател денеска да ја соопшти сумата што би ја инвестирала Франција.

Со чешкиот премиер Петр Фијала, претседателот Макрон ќе разговара првенствено за нуклеарната енергија, бидејќи на тендерот за изградба на нов реактор во централата Дуковани учествува француската компанија ЕДФ, а чешката влада планира наместо два да изгради, дури четири нови реактори во нуклеарните централи Дуковани и Темелин. Макрон и Фијала ќе го потпишат и Акциониот план на стратешкото партнерство на Франција и Чешка за периодот од 2024 до 2028 година. 

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина