Утрински Весник
Македонија

Пристигнуваат осуди за заканите на Апасиев кон Канал 5 ТВ

MAN makedonska asocijacija na novinari 1068x561 1.jpg

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги осудува заканите од Димитар Апасиев пратеник и претседател на политичка партија упатени до Канал 5 ТВ и директорот Иван Мирчевски. -Заканите за „војна“, „системски организирана кампања“ се сериозни закани по слободата на изразување која е гарантирана со Уставот, но и по слободата на претприемништво. Со својот статус на социјалната мрежа Фејсбук, Апасиев како пратеник и претседателот на политичката партија се заканува со последици по финансиската егзистенција на Канал 5 ТВ и врши политички притисок врз компании – деловни партнери, што е кривично дело – злоупотреба на службена положба од позиција на пратеник кој се заканува со употреба на својата политичка моќ. Не му е прв пат на овој претседател на партија да се заканува, да шири говор на омраза, навреди и клевети против новинари и против медиуми. И во овој случај, тој напиша куп навреди и клевети против директорот на Канал 5 ТВ Иван Мирчевски, за што го повикуваме Димитар Апасиев да се извини, а надлежните институции, пред се обвинителството, да реагираат по ваквите закани“ – се вели во реакцијата на МАН. И Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Македонската медиумска асоцијација. денеска го осудија статусот објавен од страна на претседателот на политичката партија Левица упатен против ТВ Канал 5.

Можете да прочитате

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник