Утрински Весник
Свет

Фидан: Турција се надева дека наскоро ќе започнат преговорите за прекин на огнот во Украина

Fidan.jpg

Турција се надева дека наскоро ќе почнат преговорите за прекин на огнот во Украина, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на крајот од Дипломатскиот форум во Анталија.

Фидан во петокот се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на Дипломатскиот форум и рече дека со Лавров разговарал за повеќе прашања, вклучително и за Украина.

Фидан им рече на новинарите дека Турција верува дека и Русија и Украина ги достигнаа границите на она што можат да го добијат од војната и дека е време да се започне дијалог за прекин на огнот.

Фидан наведува дека тоа не значи дека Украина ја признава руската окупација, нагласувајќи дека прашањата за суверенитетот и прекинот на огнот треба да се дискутираат посебно.

Фидан посочи дека војната во Украина, во која се убиени или ранети повеќе од 500.000 луѓе, мора да престане.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме