Утрински Весник
Македонија

Зечевиќ од маршот во Кавадарци:  Жените се клучни стожери во создавањето подобро општество 

Osmomartovski Marsh Forum Na Zheni Na Sdsm 2.jpeg
300x250 (7)

Сведоци сме на историја испишана со храброст и одлучност, каде што македонските жени не само што биле учесници, туку биле и клучни стожери во создавањето на подобро општество, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски во обраќањето на Осмомартовскиот марш кој денеска се одржа во Кавадарци. 

-Со огромна чест чекорев со вас.  Привилегијата е моја и горд сум дека тоа не е само денеска и не е само тука.  Чекорењето со вас, рамо до рамо е секогаш и секаде. Во сите битки и  предизвици. И за тоа – ви благодарам! Вашата решителност, посветеност и искрена желба за сигурна и стабилна иднина е силата на СДСМ.  Тоа беспрекорно чувство за визионерски државотворни одлуки се суштината и во  нашето заедничко социјалдемократско делување. Денеска, јас сум само еден од вас, ние заедно оддаваме почит за силата на жената – социјалдемократка, за нејзиното историско револуционерно и партизанско наследство. Оддаваме почит и на постојаната борба за подобро утре, за Европска Македонија!, рече Зечевиќ.

Ss1

Оваа сила и храброст, покажана во револуционерната борба на НОБ се фундамент на нашата денешна борба за еднаквост и правда, за европски вредности, за градење политики и создавање иднина, додаде тој. 

-Единство, солидарност и потсетување дека борбата за родова еднаквост оди рака под рака со пошироката борба за правда и слобода, со борбата за подобро утре.  Ако нивната борба беше за слобода, нашата политичка борба е за европска иднина. Духот на антифашистичката борба и придонесите на Македонките во НОБ нека нѐ инспирираат да создадеме модерно европско општество, рамо до рамо со државотворните европски народи. Единствен начин за подобра македонска иднина е полноправно членство во Европската унија, рече Зечевиќ

Генералниот секретар повика секогаш кога “говориме за херојството, дадените жртви и постигнатите победи да се потсетиме и на нашите секојдневни хероини”, жените кои секој ден ги среќаваме, дома, на работа, во училиште, насекаде, потенцираше Зечевиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk