Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Денеска се собирааат потписи за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова, се очекува да се соберат за еден ден

Siljanovska vmro.jpg

Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.

-Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна.

Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.

Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени.

Можете да прочитате

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“