Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Сопственикот на Нотингем вербално ги нападнал судиите по мечот со Ливерпул

Marikanis 696x392 1.png
300x250 opst2

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул како гости во 27. коло го совлада Нотингем форест (0:1) со гол во судиското продолжение, 99 минута што го постигна Дарвин Нуњез. Ваквиот пораз не му се допаднал на претседателот на домаќините, Гркот Евангелос Маринакис кој вината за исходот ја побарал кај судиите. По означениот крај на натпреварот газдата Маринакис вербално ги нападнал судиите. Третото полувреме се одиграло во тунелот на стадионот „Сити граунд“. Маринакис беше гневен на главниот судија Пол Тирни, кој иако покажа осум минути продолжение, го продолжи мечот дополнителна една минута и токму во неа Нуњес го постигна голот за победа. Англиските медиуми пишуваат дека Маринакис ги пцуел судиите и ги нарекувал со различни погрдни имиња.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај