Утрински Весник
Македонија

Здружување на професионалци со различни позадини за борба против загадување на животната средина и климатските промени

Img 20240216 Wa0118.jpg

Во текот на оваа и наредната година, Здружението Академија за роботика и иновативно учење, ќе работи на проект со име НЕМАМЕ ДРУГ СВЕТ, програма ЕРАМУЗ+. Во проектот Академијата за роботика и иновативно учење е партнер со средни училишта од Турција, Полска, Финска и Шпанија. Темата и проектните активности се мошне интересни, но и значајни за секој поединец, затоа што проблемот не засега сите – млади, возрасни, деца, родители. Како да ја зачуваме животната средина во која живееме, како да го намалиме загадувањето, како да ги спречиме климатските промени, се дел од прашањата за кои речиси секојдневно слушаме и читаме. Главниот фокус на нашиот проект се глобалните еколошки проблеми, предлог на практични решенија и нивна реализација, преку вметнување во образовниот процес. Сметаме дека ова е универзален проблем и треба да се реши во соработка со повеќе институции ширум светот. Решението започнува со свеста и затоа во текот на овие две години ќе организираме семинари за еколошките проблеми, дискусии за можни решенија, обработување на темата со различни аспекти кои ќе обезбедат резултати достапни за многу луѓе ширум светот, особено за младите. Сакаме преку реализација на овој проект да ја зајакнеме стратешката соработка меѓу образовните институции, невладиниот сектор и другите релевантни институции. Резултат од овој проект, што и воедно е задача на нашата Академија е креирање на онлајн курс за зачувување на животната средина, кој ќе се вклучи во наставните програми на партнерските институции и практичен водич со активности за наставниот кадар, родителите и учениците, кои ќе им помогне за време на часовите да обработуваат теми преки кои ќе ја подигнат свеста на младите за важноста на животната средина, емпатиен пристап кон истата, како и последиците кои ги доживуваме сите од енормното загадување. Преку 5 дневна средба на којшто домаќини бевме токму ние, 23 наставника од горенаведените земји се запознаа со Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, каде што им беше презентирана програмата ГЛОБЕ и начините на кои ние како држава пробуваме да се справиме со загадувачите на животната околина. Огромна чест беше и да се слушне предавањето од проф. др. Михаил Кочубовски, кој преку практични примери им долови на присутните како загадувањето на животната средина влијае врз здравјето на луѓето ширум светот. Покрај овие активности, наставниците заедно со тимот од Академијата за роботика и иновативно учење, градеа еколошки одржливи градови со ЛЕГО роботи, преку практични примери ги увидоа последиците од климатските промени (земјотрес, поплави), учеа кодирање со СКРЕЧ и загадувањето го поврзаа со последиците кои ги има врз менталното здравје на луѓето, а особено на младата поплуација.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина