Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО): Рубљов дисквалификуван во Дубаи поради пцуење на линискиот судија

Rubljov osvojio titulu u Bastadu.jpg

Скандал на АТП турнирот во Дубаи – рускиот тенисер Андреј Рубљов е дисквалификуван во полуфиналниот меч против Казахстанецот Александар Булблик, затоа што на руски го пцуел линискиот судија.

Бублик беше во игра на победа (6:7, 7:6, 6:5) пред мечот да биде прекинат, но дури и тој беше изненаден од одлуката на супервизорот Роналд Хепфер.

Имено, незадоволен од некоја одлука, Рубљов се внел во лице на судијата, додека неговиот колега кој зборува руски слушал и сигнализирал дека Рубљов го навредува.

Рубљов се обидел да му објасни на надзорникот дека зборува на англиски и дека не навредува никого, но залудно.

Русинот ќе ги загуби сите освоени бодови и пари во Дубаи, а ќе испадне од Топ 5 бидејќи лани играше во финалето.

Ривал на Булику во утрешното финале ќе биде подобриот од Данил Медведев – Иго Амбер.

Можете да прочитате

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид

ФИФА отвори истрага против Аргентина