Утрински Весник
Свет

Пожар во Лондон – 11 лица се повредени, а повеќе од 130 се евакуирани

Ghjqkvvwmaawzdf.jpg
Dik 300x250 mk

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј. Лондонската противпожарна бригада на мрежата Икс објави дека 11 лица биле третирани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувна пожарот. На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари, јавува Би-Би-Си. Еден од пожарникарите изјавил дека пожарот се проширил од приземјето кон горниот кат и покривот. Причината за пожарот засега не е позната.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно