Утрински Весник
Свет

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш

Picture 10.webp.webp

Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш. Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови. До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 други останаа со тешки изгореници и се во критична состојба. Тие се лекуваат во две поголеми здравствени установи. Причината за пожарот не е веднаш утврдена, но бригадниот генерал Мајн Удин, директор на противпожарната служба и цивилна одбрана на Бангладеш, рече дека тој може да потекнува од истекување на гас. -Тоа беше опасна зграда со плински боци на секој кат, дури и на скалите, рече тој. Директорот на силите, исто така, додаде дека повеќе од десетина противпожарни единици се распоредени за гаснење на пожарот. Најмалку 75 луѓе, меѓу кои 42 биле во несвест, биле спасени од зградата, соопштија спасувачите.

Можете да прочитате

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“