Вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ добиена е дојава за поставена бомба. Аеродромот во моментов е затворен, а последниот авион тргнал во 18:45 часот. Сите планирани летови доцнат.
На социјалните мрежи се појави видео од евакуацијата на патниците од еден од авионите, на кое се гледаат патници во паника како се спуштаат по тобоганот. Сите патници се евакуирани.
Српските медиуми неофицијално објавија дека дојава за бомба имало за авионите на авиокомпаниите Wizz Air и Air Montenegro.