Утрински Весник
Свет

Бајден разговарал со претседателот на Египет и емирот на Катар за војната во Газа

Bajden 1.webp.webp

Претседателот на САД Џозеф Бајден денеска разговараше со претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси и емирот на Катар Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани за војната во Газа, соопшти Белата куќа. Бајден, на одделни состаноци со Сиси и емирот на Катар, разговараше за војната во Газа и нивните напори да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас.

Американскиот претседател му се заблагодарил на Сиси за водството на Египет во испораката на хуманитарна помош во Газа. Лидерите нагласија дека ослободувањето на заложниците ќе резултира со итен и траен прекин на огнот во Газа за период од најмалку шест недели, се вели во соопштението на Белата куќа по разговорите со Сиси и катарскиот емир.

Соговорниците размениле мислења за тоа како таков подолг период на затишје може да се вклучи во нешто потрајно. Тие, исто така, разговараа за плановите за зголемување на хуманитарната помош за Газа и за тоа како прекинот на огнот според договорот за заложници дополнително ќе помогне да се овозможат тие напори и да се обезбеди помошта да стигне до цивилите на кои им е потребна низ Газа.

Тие разговараа и за трагичниот и алармантен инцидент што се случи претходно денеска во северниот дел на Газа и го изразија своето жалење за загубата на цивилни животи, соопштија од Белата куќа.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре