Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, ја продолжува работната посета на Тирана, Република Албанија, со учество на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан”.
Во фокус на состанокот е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а ќе се разговара и за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар, како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар.
Премиерот Џафери, пред почетокот ќе даде изјава за медиумите, а на Конференцијата ќе се обрати на Панелот „Вовед во единствениот пазар”.
На Регионалниот состанок во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
Се очекува на Самитот да биде усвоена заедничка изјава на лидерите од Западен Балкан во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите и следните конкретни чекори и иницијативи во постепеното интегрирање на економиите од Западен Балкан во Заедничкиот пазар на ЕУ.