Утрински Весник
Македонија

Колева: Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата

Koleva.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Актуелниот претседател Стево Пендаровски покажа дека е претседател на сите граѓани во државата и личност со кредибилитет и авторитет. 

СДСМ има докажан претседателски кандидат кој изминатите години, докажа дека е близок и комуницира со сите граѓани. Посетува занаетчии, граѓански институции, секојдневно е во контакт со луѓето, и покажа дека е произлезен од народот, а претседателскиот кабинет никогаш не бил повеќе отворен од сега. Личноста на претседателот, колку тој е авторитетен меѓу граѓаните дава додадена вредност покрај тоа што е поддржан од одредена структура, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева во „Студио 10″ на 24 Телевизија.

Таа потенцираше дека откако СДСМ дојде на власт, се создаде клима и атмосфера за секој од граѓаните да може да си го каже своето мислење. 

„ Се врати демократијата, се ослободија медиумите, луѓето се ослободија, секој да може да каже што мисли. Луѓето почнаа да коментираат и дискутираат јавно. И жално е што ДПМНЕ продолжува да ја злоупотребува демократијата со напади, лаги и ширење дезинформации за да собираат политички поени. Се што започнавме како реформа наидовме на препрека и блокади од страна на ДПМНЕ “, рече Колева. 

Таа додаде дека СДСМ е партија која има огромен број на традиционални партнери и дека тоа е нешто што ДПМНЕ го нема затоа што функционираат во затворен круг без пријатели. Луѓето сакаат да видат план и програма, а СДСМ се што досега вети и го оствари. 

” ДПМНЕ 10 години имаше власт, а не реализираше попис. Има еден куп закони и мерки кои беа во нашата програма во 2020 година и сите тие се реализирани. На пример: Недела неработен ден, Мој ДДВ, стечајни работници, социјална пензија, пензионирање на поголема возраст, 82 детски градинки, 820 образовни асистенти во училиштата за кои беше блокиран законот, субвенциониран студентски оброк, регрес за годишен одмор на цела администрација, покачени просечна и минимална плата. Па Трајко Славевски беше против покачување на минималната плата, и уште е против. Ако владееше уште ДПМНЕ, минималната плата уште ќе беше 9.000 денари, а сега е 22.000 денари”, рече Колева.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор