Утрински Весник
Свет

Во моментов има 1,14 милиони барања за азил во ЕУ, главно од Авганистанци и Сиријци

20240228084401 Big 730x400 65.webp.webp

Бројот на барања за азил во 2023 година скокна за 18 отсто на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа  податоците на Европската агенција за азил (EUAA).

Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и, на крајот, изборите за Европскиот парламент во јуни.

Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на EUAA. Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82 отсто повеќе барања од претходната година.

Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас се искачи на рекордни 11.600. Сепак, EUAA забележува дека било тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме