Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и релативно топло

Oblacno 1.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од четврток до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите во петок наместа ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови. Од утре до петок ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница