Утрински Весник
Македонија

Владата ја усвои Националната развојна стратегија за следните 20 години

Vlada Privremena Scaled.jpg

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е Канцеларијата на Претседателот на Владата Владата на Република Северна Македонија.

Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата.

Националната развојна стратегија е најголемиот стратешкиот документ во којшто се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија за следните 20 години, а се однесува на правилна имплементација на предвидените мерки коишто имаат голем ефект на многу процеси во државата, како и подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Во овој значаен документ се дефинираат главните национални развојни цели, стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родово еднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија, особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2030 година и заложбата за одржлив развој преточена во Агендата 2030.

Во стратегијата се дефинирани шест стратешки приоритети и тоа:

1.    Економија базирана на знаење, иновации и на дигитализација, односно високоинтегрирана економија во меѓународната трговија и во меѓународните финансии и работна сила што ги задоволува сегашните и идните потреби на пазарот на труд;

2.    Одржлив локален и регионален развој, што обезбедува кохезија;

3.    Демографска ревитализација и социјален и културен развој;

4.    Владеење на правото и добро управување;

5.    Сигурно, безбедно и отпорно општество и

6.    Зелена трансформација.

При тоа, развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се централни елементи и се основен предуслов за напредок во секоја стратешка област.

За важноста на процесот, со којшто се поставени темелите за имплементација на Националната развојна стратегија е посочено на тригодишната подготовка на Стратегијата, со вклучување на околу 14.000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50-мина пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1.000 млади и членови на младински организации.

Процесот на креирањето на Националната развојна стратегија е реализиран од Владата на Република Северна Македонија во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово