Утрински Весник
Економија

Николовски: За 25 месеци приклучени се нови 578 мегавати енергетски капцитети од обновливи извори нa енергија

Nikolovski.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија но и рекордно инсталирани 600 мегавати од обновливи извори на енергија, рече Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ, во Дневник 1 на МРТВ.

-За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори и практично ова е новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, но сега тоа не е струја од јаглен туку е струја доминантно од сонце, но има и од ветер, вода и биомаса, рече Николовски.  

Тој потенцираше дека и одлуките на РКЕ околу цената на парното ќе бидат во корист на стандардот на граѓаните, а можно е и намалување на цената.

-На берзите цената на гасот е намалена, РКЕ прави анализа, па како и сите други одлуки до сега на полето енергетика и цената на парното ќе биде во  корист на граѓаните, а можно е и намалување, рече Николовски.  

Освен намалување на сметките за струја, ја вративме и евтината тарифа, од 13 до 15 часот и на овој начин веќе околу 11 часа дневно граѓаните имаат евтина тарифа, а во времето на ДПМНЕ немаше евтина тарифа и само 16 мегавти имаа инсталирано од обновливи извори,  рече Дарио Николовски  челан на ЦО на СДСМ, во Дневникот на МРТВ.

Можете да прочитате

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании

Германија без реформи ризикува долгорочен економски пад

УЈП потсетува: Рок до 31 декември за извештаи за зелените пазари