Утрински Весник
Свет

Путин: Силите за специјални операции се способни да ги бранат руските интереси каде било во светот

Putin.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Русија ќе продолжи да ги зајакнува силите за специјални операции и да ги опремува со оружје од новата генерација.

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме силите за специјални операции, да ја зголемуваме нивната мобилност, ударен потенцијал, да ги опремуваме со оружје и опрема од новата генерација“, рече Путин во честитката по повод Денот на силите за специјални операции.

Тој посочи дека тоа е еден од главните приоритети за развој на руската армија и морнарица.

Претседателот на Русија во видео порака рече дека силите за специјални операции, чие формирање започна во 2009 година, станаа моќна ударна сила на руската армија и на дело докажаа дека се подготвени „да застанат во одбрана на татковината и да ги бранат националните интереси на Русија каде било во светот“, пренесува Интерфакс.

Денот на силите за специјални операции во Русија се слави на 27 февруари од 2015 година, пренесува Танјуг.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30