Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ

Img01.jpg

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на конференцијата посветена на одбележувањето од почетокот на руската агресија врз Украина со наслов„ Украина – Две години хероизам“ во организација на украинската амбасада и ЦИВИЛ медиа.

Во своето обраќање Вицепремиерот Маричиќ ја истакна поддршката на Северна Македонија, и на македонската нација кон Украина, која од првиот ден, застанува заедно со украинската нација и со сите други сојузници во НАТО и во ЕУ, во борбата против агресијата, воените злосторства и непочитувањето на меѓународното право.

„Поддршката за Украина не е трошок, туку инвестиција во иднината на една голема и храбра нација, но и инвестиција во нашата сопствена безбедност, стабилност и мир. Украина се бори за слободата и територијалниот интегритет на државата, но и слободата и мирот во целиот свет.

-Војната во Украина е момент на пресвртница во историјата, и претставува доказ дека немаме време, ниту можности за колебање, како во поглед на евроатлантските интеграции, така и во поглед на целосната и безрезервна поддршка на украинската нација во нејзините стремежи за слобода, сувереност и независност, рече Маричиќ.

Македонскиот народ останува заедно со украинскиот народ на патот до мирот, безбедноста, демократијата и членството во ЕУ.

На конференцијата свое обраќање имаа целиот државен врв на Северна Македонија, амбасадорката на Република Украина, како и бројни претставници на дипломатскиот кор од државата.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме