Утрински Весник
Свет

Бајден не e информиран за планот на Израел за воени операции во Рафа

Bajden.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џo Бајден не е информиран за планот на Израел за воени операции во Рафа, но тој верува дека мора да се заштитат животите на цивилите, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, во интервју за НБС њуз.

„Не веруваме дека операција, голема воена операција, треба да продолжи во Рафа, освен ако не постои јасен и спроведлив план за заштита на цивилите, за нивно преместување на безбедни места, за хранење, за обука и за сместување. “, рече Саливан.

Американскиот претседател Џо Бајден постојано го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да спроведува воена операција во Рафа без соодветен изводлив план за заштита на палестинските цивили.

Израел најави копнена инвазија на градот Рафа на крајниот југ од Појасот Газа, каде живеат повеќе од милион Палестинци, а меѓународните хуманитарни организации и некои светски претставници предупредуваат дека тоа дополнително ќе ја комплицира страшната хуманитарна ситуација за палестинските цивили.

Можете да прочитате

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата

Трамп и Путин во телефонски разговор, Белата куќа го оцени како позитивен