Утрински Весник
Свет

Папата повика на дипломатско решение на војната во Украина

1708875157 Papa Francisk.jpg

Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина што ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од руската инвазија.

„Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и за кој не се гледа крај. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и стравот“, рече папата Фрациск во неделното обраќање.

„Се залагам да се најде малку хуманост за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, рече Светиот Отец.

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на уморната од војна Украина. Неколку западни лидери вчера го посетија Киев за да покажат солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија.

Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре