Утрински Весник
Македонија

РАНА НАЈАВА: Во Склоп на длабокиот циклон од северозападна Европа, влажен бран ќе ја зафати и Македонија!

Overview 20240224 00 036 1050x525 1.jpg

Во склоп со длабокиот циклонски систем кој е со центар над северозападна Европа, во следните часови, најпрвин во западните, а потоа  и во останатите предели од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде, особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ветерот од јужен правец и понатаму ќе го има, но ќе биде со послаб интензитет и ќе го менува својот правец во југоисточен.

За време на овој влажен бран, локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар крадратен, особено во јужните предели.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Послаби врнежи од дожд ќе има  и во Скопје  и околината.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат  и 15 степени.

Натпросечното топло време ќе остане и во текот на следната седмица, но детална метео анализа за следната седмица следува во следните наши објави.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир