Утрински Весник
Македонија

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

Germanija policija1 860x675 1.jpg

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“.

Повредите на Македонката, како што стои во написите биле толку тешки што искрварила до смрт.

Постариот 16-годишне син на жртвата ја алармирал полицијата.

Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил целосно вознемирен и рекол дека мајка му била внатре и лежела на подот повредена.
Полицајците кои пристигнале на местото на настанот ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката но таа починала.

Во исто време, полицијата започнала голема потера а сомнежот паднал врз сопругот на жртвата, нејзиниот 47-маж исто така од Македонија. Набргу потоа, осомничениот итно ја повикал полицијата и кажал дека побегнал во соседниот град Гелзенкирхен, Северна Рајна-Вестфалија.

Подоцна без отпор дозволил да биде уапсен.

Се уште не е јасен мотивот за страшното злосторство, велат од германската полиција.

Детективите бараат индиции за злосторството. Според информациите на „Билд“, мајката наводно била убиена со неколку убоди. Децата се згрижени и се со други членови на семејството.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание