Утрински Весник
Македонија

Опожарен автомобил на јавен обвинител во Прилеп

Screenshot 2024 02 22 145127.png

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

Можете да прочитате

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!

Генералот Лафчиски учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабови од А-5 во Задар

Средба Шасивари – Бочек – 24info.mk