Овој холивудски актер е познат по драстичните трансформации кои ги постигнува за своите улоги, а поради новиот имиџ е речиси непрепознатлив.
Холивудскиот филмски свет е благословен што има актер во својата индустрија кој може драстично да се менува за секоја улога, да ослабе или да се здебели, како и да ја смени косата или брадата.
Но, последната промена на имиџот на овој актер навистина го промени, а многумина воопшто не би го препознале.
Кристијан Бејл наскоро ќе започне со снимање на новиот филм „Франкенштајн“ во кој глуми, а за таа улога мораше да ја скрати косата.
50-годишниот актер беше забележан во Лос Анџелес со очила за сонце и свежо избричена глава додека одеше на кафе во Брентвуд. Папараците, се чини, не го ни забележаа, а тој опуштено уживаше на сонцето на слободниот ден.
Во минатото во два филма ја постигна невозможната промена за многумина.
За улогата во филмот „Исчезнување“ ослабе речиси 30 килограми, а многумина стравуваа за неговото здравје поради анорексија. Потоа го доживеа спротивното за следниот филм „Американски измамници“, во кој го надомести изгубеното и качи 20 килограми.
„Јадев многу крофни, многу чизбургери и се останато. Буквално јадев се што ќе ми дојде до рака“, изјави тој за People по завршувањето на снимањето.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/Kristijan-Bejl-i-Sibi-Blazic-5--1024x683.jpg)
Последен пат Бејл беше виден во јавноста на почетокот на февруари, каде заедно со сопругата Сандра Блажиќ свечено започнаа со изградба на згрижувачки дом.
Тој е во брак со Сандра Бејл, Американка со српско потекло, повеќе од 20 години, а во една прилика изјавил дека поради неа слави два Божиќа.
„Празнуваме два Божиќа, во декември и во јануари, бидејќи православните христијани го слават според различен календар“, откри Кристијан.
Кристијан ретко зборува за Сандра, но призна колку го воодушевила штом ја запознал и променила некои негови ставови.
“Сите во моето семејство беа разведени, па немав многу здрави идеи за бракот. Потоа ја запознав Сиби и одеднаш ми изгледаше како фантастична идеја”, признал тој.
На крајот на 60-тите, семејството на Сандра се преселило во Америка од тогашна Југославија, каде што подоцна се родила како Србослава Блажиќ, а подоцна го променила името. Кристијан и Сандра се запознале на крајот на 90-тите и се заљубиле на прв поглед, а се венчале во 2000 година во Лас Вегас. Заради љубов дури и започна војна со семејството, поточно со мајка му и сестра му. Не ја сакале Сандра и зборувале лошо за неа, што тој не го одобрувал.
Нејзе ѝ должам сè во мојот живот, таа е исклучителна и силна жена“, изјави еднаш Кристијан. Заедно со Сандра ја има ќерката Емелин и синот Џозеф, кој на негово инсистирање научил и да зборува српски јазик.