Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во денешното јавно обраќање побара од граѓаните на претстојните парламентарни и претседателски избори да гледаат како најважен референдум за Македонија, и им порача: „Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“ Тој ги повика граѓаните за поддршка, бидејќи кога ќе се отвори Уставот заради Бугарите, ќе инсистираат да се внесе и измена со која граѓаните ќе избираат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер. Според него, министерот за надоворешни работи Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година. Ваквиот настап е навестување дека ДУИ ќе го кандидира Османи за претседател и во иднина ќе бара воведување функција заменик претседател. Според Ахмети, отворањето на Уставот за ваков избор на претседател (веројатно по принцип Македонец и Албанец) ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција. Претходно претседателскиот кабндидат на албанската опозиција Арбен Таравари вчера соопшти слични залагања со три промени во Уставот: внесување на Бугарите, отстранување на „20%“ за албанскиот јазик и претседателот да се бира во Собрание, а не преку директни избори.