Утрински Весник
Магазин

Излегуваат банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс

Pari.jpg

Банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети ќе бидат пуштени во оптек од 5 јуни оваа 2024 година, соопшти денеска Банката на Англија. 

Дизајнот беше претставен пред повеќе од една година. Слика од кралот ќе се појават на апоените од пет, 10, 20 и 50 фунти и тие ќе се користат заедно со постоечките хартиени платежни средства со ликот на кралицата Елизабета.

Новите пари, се наведува, постепено ќе ги заменат изветвените банкноти и треба да ја задоволат растечката побарувачка за нови британски хартиени пари. 

Можете да прочитате

Овие четири хороскопски знаци најбрзо простуваат

Пет пијалоци кои го зајакнуваат имунитетот

Пред или по тренинг? Експертите откриваат кога е најдобро да јадете