Би сакал да ве информирам дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, како што најавив, е подготвена и е на пат кон Република Северна Македонија.
Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци.
Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.
Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600.
Никој ниту сега ниту порано саботираше некого. Ние сме тука за нашите граѓани “МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ” напиша Бојмацалиев.