Утрински Весник
Свет

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ

Peter sijarto 696x463 1.jpg

За време на унгарското претседавање ќе има „најголемо проширување на Европската унија досега“, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Тој додаде дека фокусот, за време на пристапните преговори, ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање на политички притисок“, објави МТИ.

„Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји да бидат вештачки врзани со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“ – рече Сијарто во Брисел.

Сијарто рече дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, како и Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да започнат важни преговори.

„ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

Можете да прочитате

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година